зачлени се <
forum@java.com.mk  ::  Јава мрежи-интернет  ::  Дистрибуирано програ...  ::  Мониторинг на објект...  
страна: 1
 
pankipan4e
постови #: 3
Мониторинг на објекти (UDP) пратено: 16.06.2009 18:17  
Еве конечно кршење на мразот за оваа тема :)

Потребна ми е помош околу јава мрежно програмирање, бидејќи немам големо познавање во таа област. Јава знам само основата но не премногу. Потребно е да го изработам следново:

“Да се имплементираат сензори (клиенти) кои следат број на слободен простор на дискот (или сличен параметар) и ја праќаат состојбата на серверот секои 100ms (UDP) “

Баш би било кул доколку некој се нафати да го изработи ова, бидејќи јас сега за сега не би можел а сепак ми е потребно периодов. Секаква помош би била добредојдена. Доколку на некој му треба повеќе објаснување нека праша, ќе се потрудам да дообјаснам.

Бпагодарам однапред.
Позз П.
   
igor
постови #: 132
одговор: Мониторинг на објекти (UDP) пратено: 19.06.2009 15:10  
А мора да биде UDP комуникацијата?

Има ли веќе дефиниран протокол за комуникација со серверот (доколку истиот постои или треба и тој да се среди?)?

Инаку лесно е да се среди тоа. Каунт ми ин.
   
pankipan4e
постови #: 3
одговор: Мониторинг на објекти (UDP) пратено: 22.06.2009 01:26  
Мора да е UDP , и според мене сметам дека би требало да е полесно од TCP.

А за серверот чекам одговор, но сепак мислам дека и тој треба да се среди колку само да постои и да е поврзан со клиентот.

Друго нешто нејасно има или доволно ти е за да почнеш??? :)
   
igor
постови #: 132
одговор: Мониторинг на објекти (UDP) пратено: 03.07.2009 01:38  
цитат:
pankipan4e на 22.06.2009 01:26 напиша:
Друго нешто нејасно има или доволно ти е за да почнеш??? :)  


Нејасно ми е тоа дали ти е јасно дека тоа за без пари јок, не се праи :)
   
pankipan4e
постови #: 3
одговор: Мониторинг на објекти (UDP) пратено: 07.07.2009 20:31  
Мене па од друга страна ми е нејасно кај си прочитал дека за ова плаќам пари, али сепак убаво ти текна за пари. Ајде ако сакаш ќе ти дадам 100 ден, направи го.
   
страна: 1
 
Copyrights © 2007 by Java.com.mk
Powered by Supernova v.0.01 beta
JavaTM и Java-базираните ознаки се трговски марки или регистрирани трговски марки на Sun Microsystems, Inc. во САД и други држави. Java.com.mk никако не соработува со Sun Microsystems, Inc.
Сите други трговски марки се сопственост на нивните сопственици.